Со големо задоволство неодамна бевме дел од посебен вински настан во Загреб, каде што ги претставивме нашите вина пред одличниот тим на Atlantic Group. Вечер исполнета со пријатна атмосфера, инспиративни разговори и споделена љубов кон виното.
За време на дегустацијата, ги претставивме нашите вина едно по едно, раскажувајќи ја приказната зад секоја етикета – од лозјата каде што се одгледува грозјето, до внимателниот процес на создавање на секое вино. Нашата филозофија е едноставна: автентичност, квалитет и почит кон природата и традицијата.
Посебно нè израдува интересот и отвореноста на тимот на Atlantic Group, кои со големо внимание ги истражуваа вкусовите, аромите и карактерот на нашите вина. Токму ваквите средби ја потврдуваат нашата мисија – виното да биде повеќе од пијалак, туку средство за поврзување на луѓе, култури и идеи.
Му благодариме на целиот тим за топлиот пречек и можноста да ја споделиме нашата визија надвор од границите. Овој настан во Загреб претставува уште еден значаен чекор во нашето патување и ширење на приказната за Lazar Winery.
Наздравуваме за нови пријателства, успешни соработки и уште многу вакви моменти во иднина.
Наздравје! 🥂